Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ во средата одлучи да ја задржи каматната стапка на рекордно ниски 3,25 отсто, земајќи ги предвид најновите макроекономски, финансиски и пазарни показатели. Истовремено е одлучено на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво на износот којшто достасува (25.500 милиони денари). Претходно во септември беа воведоа измените кај задолжителната резерва, насочени кон поттикнување на кредитната активност на банките. На седницата на Комитетот беа разгледани и последните макроекономски проекции, при што беше оценето дека не упатуваат на поголеми промени во однос на амбиентот за водење на монетарната политика.
Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ во средата одлучи да ја задржи каматната стапка на рекордно ниски 3,25 отсто, земајќи ги предвид најновите макроекономски, финансиски и пазарни показатели.
Истовремено е одлучено на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво на износот којшто достасува (25.500 милиони денари).
Претходно во септември беа воведоа измените кај задолжителната резерва, насочени кон поттикнување на кредитната активност на банките.
„На седницата на Комитетот беа разгледани и последните макроекономски проекции, при што беше оценето дека не упатуваат на поголеми промени во однос на амбиентот за водење на монетарната политика“, стои во соопштението.
Ликвидноста на македонскиот банкарски систем и во октомври е на стабилно ниво. На домашните пазари на пари, меѓубанкарското тргување со депозити забележа пораст, а движењата на девизниот пазар беа под влијание на вообичаените сезонски фактори.
Девизните позиции на банките и натаму се на релативно стабилно ниво, а Народната банка продолжи да интервенира на девизниот пазар со откуп на девизи.
Народната банка деновиве ја ревидираше нагоре априлската проекција за раст на македонската економија од 2,3 на 3,3 отсто.